Веќе 700 години се држат за раце


Откриени се костури закопани во 14. век во капелата Свети Морел во местото Халатон. Тоа што е необично е дека се држат за раце, пишува „Дејли Мејл“.

– Веќе сме виделе слични костури во Лечестер каде една двојка е закопана заедно, изјави археологот Вики Скор, која учествува во откопувањето.kosturi-race-540x320

Главното прашање е зошто двојката која се држи за раце се закопани токму на тоа место, кога постои црква во Халатон. Што е посебно во ова место? Се претпоставува дека капелата можеби била место за аџилак, а можеби закопаните биле криминалци, странци или болни.

Се верува дека коските припаѓале на лица на иста возраст, но со понатамошното истражување ќе се утврди колку биле стари во време на смртта.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1