Вељаноски пред одлука:Ќе ги распише ли изборите?


Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, за денеска најави дека ќе го потпише решението за распишување и организирање на предвремените парламентарни избори на 5-ти јуни.trajko veljanovski

Потписот не би требало да го стави пред ДИК да ја соопшти конечната оценка дали и колку е прочистен Избирачкиот список, односно дали сите членови на Комисијата едногласно ја гарантираат неговата веродостојност и кредибилност.

Вчера со партиско надгласување беше усвоен извештајот од теренската проверка, иако сѐ уште се спорни одредени категории, особено гласачи кои не живееат на адресата на која се пријавени, но и други спорни записи, што отвори потреба за дополнителни проверки.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1