Велосипедистите нема да бидат казнувани ако не носат заштитен шлем


Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед, треба да носат заштитен шлем на главата за време на возењето на патот, стои во став 2 од законот.dedo-tocak

Во дел од медиумите се појавија шпекулации за наводно нови казни за секој што ќе вози велосипед без кацига, односно заштитен шлем. Сепак, предлог законот е јасен, односно во став 2 од истиот јасно стои дека возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед, треба да носат заштитен шлем на главата за време на возењето на патот, но не е потенцирано дека истото е задолжително, што значи дека за велосипедистите казна не е предвидена.

Казни ќе има само за непочитување на став 1 од законот во кој стои:  „Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед со помошен мотор, мопед, мотоцикл, трицикл, лесен четрицикл и четирицикл задолжително носат заштитен шлем на главата за време на возењето на патот“

Исто така, во став 5 од предлог законот стои дека „Прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на родителот односно старателот на дете кое постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1