Општина Аеродром апелира до граѓаните да го почитуваат правото на велосипедистите и ролерџиите да ги користат патеките покрај Вардар и покрај булеварите наменети исклучиво за нив, пред сè од безбедносни причини.
Велосипедските патеки не смеат да ги користат пешаци, ниту мотоциклисти, а особено не лицата кои ги шетаат своите миленици, бидејќи претставуваат потенцијална опасност за велосипедистите и ролерџиите, за кои се наменети овие патеки. Во спротивно следуваат парични казни, доколку ги затекнат Општинските комунални служби, кои во придружба на полицијата од денеска ќе почнат со засилени патроли низ општината.