Велшката полиција брка вампири


Велшката полиција во годишниот извештај објави дека нешто необично се случува во државата, судејќи според бројот на повици во 2012 година поради паранормалните појави.

01.11duhovi1Минатата година полицијата регистрирала дури 13 повици на загрижени граѓани поради духови, а шест пати момците во униформа излегувале на терен поради вештерки, три пати поради зомбија, а девет пати поради врколаци и вампири.

Станува збор за огромен пораст на интервенциите од овој тип, особено во споредба со 2010-та, кога граѓаните цела година само два пати се јавиле поради дух.

– Најчесто луѓето само ги гледале, но имавме и еден случај на напад од дух. Исто така, ни се јави и човек кој соопшти дека му се развило шесто сетило после средбата со ентитет од „другата страна“, стои меѓу другото во извештајот.

Извор – Сител 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1