Венизелос не сака да слета на Александар Велики, да вози по Алексаднар Македонски – ама не му бега Филип


Иако на пат по балканските метрополи тргнува со владин авион, министерот за надворешни работи на Грција Евангелос Венизелос во Скопје ќе допатува од Приштина и тоа со автомобил. Причината, според дипломатски извори, е што не сакал да слета со авионот на грчката влада на аеродромот Александар Велики, оти, според проценките, тоа можело да предизвика негативни реакции во Грција.

venizelos nimicПроблематично за протоколот на шефот на грчката дипломатија, освен името на аеродромот, бил и дел од делницата на автопатот што би морал да ја помине од аеродромот до Скопје, а на која ќе го пресретне табла автопат Александар Македонски. Па затоа, авионот на Венизелос ќе остане паркиран во Приштина, а тој ќе дојде и ќе си замине од Скопје со автомобил. Сепак и покрај ваквите маневри, тој нема да може да го одбегне булеварот Филип Втори Македонски, оти до зградата број седум во која е сместено македонското МНР, по друг пат не може да се стигне.

Венизелос, во Македонија првенствено доаѓа како претседавач со ЕУ, како дел од неговата балканска турнеја, но сепак билатерaлните односи и спорот за името ќе бидат составен дел од разговорите со неговите домаќини.

24 вести

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1