Неколку десетици граѓани денес пред Владата на Р. Македонија искочија на протест по повод посетата на грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос.
Демонстрантите порачале дека Венизелос мора да го почитува правото на избор на име и држава, да го почитува правото за национална јазична и културна самоидентификација на секоја единка и народ, и да го почитува македонскиот идентитет, како и правата на македонското малцинство во Грција.
Претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров воедно побара и крај на разговорите за промена на државното име. Од пред Владата каде протестираа 50-на луѓе, Петров побара да се вратат имотите на прогонетите Македонци, упати порака за мир и љубов помеѓу народите, но и побара извинување од Грција за геноцидот врз Македонците од страна на јужниот сосед.
Видео – А1Он