Верче Белчовска од Берово е починатиот донор – ја прегазил несовесен возач кој побегнал


Верица Белловска од Берово е 20-годишната почината девојка за која нејзиното семејство се согласи да ги донира органите за повеќе пациенти, објави ММС.

Нејзиниот брат Мартин Белковски е единствениот кој останал да живее во Берово, додека останатите членови – постарата сестра, таткото и мајката се преселиле во Струмица.

„Беше многу весела девојка, секогаш насмеана и му се радуваше на животот“, вели Мартин Белчовски од селото Русиново, беровско, за својата сестра Верица.

Несовесен возач на седми април ја удрил на пешачки премин во Струмица.

-Јас изгубивме најмалата во семејството. На „Благовец“ во Струмица на пешачки премин ја удри момче од 18 години и побегна од местото. Колку што јас знам кога дознале дека колата со која ја удриле сестра ми била пронајдена, тој подоцна сам се пријавил во полиција, вели братот Мартин

Министерот Филипче вчера на прес конференција објави дека донирани се срце и бубрези од млада девојка која починала поради тешките повреди добиени од сообраќајна незгода, а доцна синојка на својот Фејсбук профил и го објави стартот на трансплантацијата. Рано утрово, пак, напиша:

-Во 3 часот и 33 минути утринава кај 22-годишно момче зачука ново, донирано срце! Ова е втора извршена трансплантација на срце во историјата на државата, на Клиниката за кардиохирургија.
Честитки до сите колеги и благодарност до целиот тим кој во текот на целата вечер неуморно работеше! Ова е огромен успех на македонското здравство, кој немаше да биде возможен без согласноста за донирање органи од семејството на младата пациентка која прерано го загуби животот. Горд сум на моите колеги, напиша тој во постот.

Првата трансплантација на срце кај нас беше направена пред неполна година, кога лекарите и целата македонска јавност се поклонуваше на семејството на донорот Емилија Динева. Утрово, лекарите повторно се поклонија, овој пат на Верче.

-Историска фотографија, докторите и се поклонуваат на младата девојка чие семејство одлучи да ги донира нејзините органи. Нејзиниот млад живот трагично згасна, но нејзиното срце спаси друг млад живот. Нема зборови со кои може да се искаже благодарноста кон семејството. Нема зборови со кои може да се опише алтруизмот и големината на чинот на органодарителство. Во моменти на длабока тага да се донесе одлука за донирање на органите на блиските е дефиниција за хуманост, напиша тој.

Целото интервју со братот на починатата Верче прочитајте го на – www.mms.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1