Верижен судир во Скопје: Четири лица, меѓу кои 2 малолетни девојчиња однесени во болница


Верижен судиор меѓу три возила се случил вчера во Скопје, по што 4 лица итно биле префрлени во болница.

Околу 14 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на булеварот „Киро Глигоров“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Форд Фјужн“ со скопски регистерски таблици, управувано од 61-годишниот Р.Х. од Скопје, патничко моторно возило „Фиат Пунто“ со штипски регистерски таблици, управувано од 44-годишниот И.К. од Кочани, и патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистерски регистерски таблици, сопственост на МВР, а управувано од 48-годишниот З.Р. од Скопје.

По незгодата, четири сопатници од возилото „Фиат Пунто“, В.К.(69) Б.К.(42) и две девојчиња на возраст од 11 и деветгодишна возраст, сите од Кочани, биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. На В.К. и на 11 годишното девојче од страна на лекар им биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1