Пратениците кои гласаа за уставните измени се под 24-часовна полициска заштита


Дел од пратениците кои гласаа за пристапување кон уставните измени се под 24 часовна заштита на полицијата поради закани по нивната безбедност. Неофицијално од МВР дознава „Фактор“ дека освен пратениците од опозицијата кои гласаа за уставни измени, под полициска заштита се и пратениците од владејачкото мнозинство., туку и пратеници од владејачкото мнозинство.

Дел од нив побарале заштита, а за дел одлучила полицијата по своја проценка.

„Се преземаат стандардни мерки за гарантирање на безбедноста. МВР ја гарантира безбедноста на сите граѓани и секако на пратениците“, велат официјално од Министерството.

Вечерта по гласањето и премиерот, Зоран Заев, им вети на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека ќе бидат заштитени, не само тие туку и нивните семејства.

„Бидете сигурни, луѓето во Македонија нема да заборават што направивте за иднината на земјата. И бидете сигурни дека, како премиер, јас останувам на зборот дека ќе ја гарантирам вашата сигурност и сигурноста на вашите семејства“, рече Заев обраќајќи им се на пратениците од опозицијата кои гласаа „за“.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1