Верижен судир се случи во попладневните часови околу 15 и 40 часот, на булеварот Александар Македонски во населбата Автокоманда во кој учествуваа десетина автомобили.
Оштетени се шест возилаод Скопје, Битола, Свети Николе и Куманово.
Според првичните информации повредени се две лица, едното е пренесено во ГОБ Наум „Охридски“, а другиот во Ургентниот центар.