Екс разузнавачаот Зоран Верушевски, првоосомничен во аферата „Пуч“ бил уплашен за својот живот и лут поради притворањето на неговата сопруга. Ваква порака пренесе неговиот адвокат Ангеле Илиевски, кој се видел со поранешниот прв човек на ДБК утринава. Верушевски тврдел дека неговата сопруга Соња Верушевска нема никаква вмешаност, пишува 24 Вести.
Верушевски се наоѓа во 30-дневен притвор поради недозволено поседување на оружје. Неговиот адвокат се уште не добил одговор од Обвинителството и по информациите кои им ги доставил дека пиштолите биле заведени во евиденцијата на МВР.
По акцијата во саботата на товар му се стави и кривичното дело шпионажа. Илиевски тврди дека делото е неосновано бидејќи полицијата до овој момент не обзнани на која странска земја осомничените оддавале државни тајни.