Верушевски осуден на три години затвор за пиштолот


Три години казна затвор доби поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразунавање, Зоран Верушевски, за недозволено поседување на оружје. Основниот суд го огласи за виновен, затоа што по заминувањето од МВР не го вратил службениот пиштол со марка Црвена застава со кое бил задолжен од 1982 година.zoran verusevski2
Во својот завршен збор пред судот Верушевски, поседувањето на службениот пиштол го спореди со полициското оружје украдено од караулата Гошинце и неговата употреба. Тој тогаш рече дека станува збор за административно-правни недостатоци во работата на УБК и МВР поради што е настаната оваа ситуација бидејќи доколку постоеше поинакво објаснување, ќе имаше и соодветна документација за него.
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1