Дали ви се случило да погледнете некого во очи по прв пат, но да имате чувство како да се познавате всушност веќе многу долго време? Интересни одговори за минатите животи дава доктор Брајан Вајс, авторот на книгата “Чуда се случуваат”.
За некои ситуации кои си ги објаснуваме на себе си како дежа ву, доктор Брајан Вајс има сосема поинакво толкување.
1. Имате чувство дека нешто ви е неверојатно познато, но не можете да објасните зошто
– На пример, една моја пациентка започнала да се чувствува анксиозно во текот на медениот месец во Грција. Кога таа и нејзиниот сопруг тргнале понатаму за Рим, таа веќе потполно се смирила. Кога дојде кај мене, работевме на нејзиниот минат живот и дознавме дека таа всушност била убиена во стара Грција. Сега не ни имала поим зошто така се чувствува, но анксиозноста се разбудила и тоа уште од далечно време, вели доктор Вајс.
Во текот на присетувањето на минатиот живот, всушност можно е да се излекуваме, да го опоравиме умот, духот и телото, како и да ја зацврстиме денешницата. Најчесто знаците за минатиот живот се појаснуваат како déjà vu (сензација која ја чувствувате, како веќе некого многу порано да сте го запознале или како нешто веќе да сте виделе многу одамна).
2. Сонувате сoништа кои се толку реални што не сте сигурни и дека воопшто сте ги сонувале
– Имате ли сoништа кои се толку многу јасни, и одат до најситни детали поврзани со вас, и тоа во различни времиња? Тоа исто таа може да биде сеќавање за минатиот живот. Како што и напишав во сопствената книга, сеќавањата на минатиот живот не се обврзни сеќавања, туку може да се интерпретираат како некои симболи, нешто што треба да биде интерпретирано така што ние сега може да го разбереме како јасна порака, објаснува тој.
3. Во состојба сте одлично да го решите тестот по историја, без многу учење
– Таленти, капацитети, нешта кои ви де допаѓаат, нешта кои не ви се допаѓаат, привлечност или аверзија, сето тоа можат да бидат траги од вашиот минат живот. Ако некои луѓе или култури ве привлекуваат на некаков посебен начин, а сепак не ви се доволно познати, сето тоа е некаква трага. Ако сте способни нешто да учите значајно побрзо од останатите околу вас, со значајно помалку труд, тоа можеби говори дека некогаш можеби сте биле таму или сте го говореле тој странски јазик, смета докторот.
4. Чувствувате дека некој е ваша “сродна душа”
– Често се случува да патувате низ многу различни животи со потполно иста група на души. Јас ги нарекувам група сродни души, следбеници, семејство. Можеби врските се менуваат од живот во живот, но душите се исти. На пример, вашата прабаба може да се реинкарнира во ваша внука. Надгледувајќи ги сите овие нешта на ваков начин, ние никако не ги губиме оние кои ни се драги, туку со нив ќе се пресретнеме подоцна на другиот свет, или можеби повторно на овој, поради реинкарнација. Во книгата “Чуда се случуваат”, работев на многу примери на реинкарнација. Во еден случај, Мишел, чија мајка починала кога таа била многу мала, била многу задоволна со фактот дека тие две биле заедно уште пред средниот век. Во тоа време биле маж и жена, вели доктор Вајс.