Весна бејби повикува да слабеете со неа – тајната како таа ги стопи килограмите


Јас сум подготвена… сега сте вие на ред за заедно “да се топиме” Во inbox чекам пријави на кандидатки со кои заедно ќе ги започнеме четирите фази од 17 дневниот план на исхрана, вежбање, взаемна поддршка и потпомагање, напишала Весна Бејби Петрушевска на својот фејсбук профил.

Според напишаното за 17 дена ќе ослабете 6 килограми! Ова не е фиксна диета напишана на хартија, ниту пак крути вежби и налудничаво броење на калории кое ќе ве остави гладни и несреќни! Ова е стил на живот, американски сон кој може да се живее и во Македонија! – вели Весна

,, Одлучив, без ефтини трикови и лажни приказни, да ви пренесам знање кое го стекнав и да ви помогнам вам, а и себеси најискрено, еднаш засекогаш да бидеме среќни, здрави и задоволни со изгледот! Кандидатките кои ќе се пријават ќе добијат детално објаснување што вклучува програмата, како и каде ќе се изведува и кои се резултатите од неа.

Со оглед на тоа дека ќе се работи во мали групи не чекајте некој друг да го завземе вашето место.
И да веќе имаме резултати :),,

Инаку Весна последните месеци изгуби многу килограми и сега навистина изгледа прекрасно. Во што е нејзината тајна не знаеме, но со оглед на овој пост станува збор за некоја нова диета која Весна ја открила.

Tags: ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1