Музиката која доби ЕМИ награда е снимена во МАКЕДОНИЈА (Фото/Видео)


Музиката за филмот “Hemingway & Gellhorn”, компонирана од страна на композиторот Javier Navarrete за HBO ја доби овогодинешната награда EMMY AWARD 2012 за најдобра филмска музика во категоријата драма.

Музиката е снимена во 2011 година од страна на оркестарот FAME’S – Macedonian Radio Symphonic Orchestra во студиото М1 при МРТВ, објави факултети.мк

,, Ова е голема награда за Javier Navarrete и ние сме горди што во Република Македонија ја имавме можноста да се приклучиме кон овој успех. Ова претставува еден вид награда и за талентот и напорите на музичарите од оркестарот FAME’S кои го вложија во текот на последниве 3 години – потврдуват Aude и Laurent Koppitz, Менаџери на проектот FAME’S.

FAME’S – Macedonian Radio Symphony Orchestra само во последните 2 години бил дел од над 100 интернационални проекти, некои од нив беа номинирани и наградени на повеќе фестивали во целиот свет.

Македониан Музик & Ентертеинмент или ММЕ е основано пред 6 години, примарно за снимање филмска музика.

Во 2008 година се формира и оркестарот FAME’S – Macedonian Radio Symphony Orchestra составен од најдобрите македонски музичари и до денес има реализирано околу 250 интернационални проекти.

Филмската музика, музика за видео игри, ТВ серии и документарни за повеќе интернационални продукции.

Извор – факултети.мк

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1