Вградено целосно вештачко срце кај 28-годишна скопјанка


Второто целосно вештачко сррце е вградено во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во Скопје. Со оглед на исклучително тешката и ретка операција, имајќи ја предвид претходната состојба на пациентот, ова е уште еден пионерски кардиохируршки зафат, со што Клиничката болница и, воопшто, македонското здравство се вбројуваат помеѓу петте водечки центри за кардиохирургија во Европа. Ова е втора кардиохируршка операција на вградување на целосно вештачко срце за само неполни четири месеци, по првата изведена во јули годинава.

Пациентката, девојка на 28-годишна возраст од Скопје, во Клиничката болница е донесена во животно-загрозувачка состојба, а по оперативниот зафат изведен во четвртокот вечерта е будна, самостојно дише и, засега, се чувствува добро.

Комплексната интервенција траеше околу осум часа и комплетно ја изведе тимот од „Аџибадем Систина“, предводен од шефот на Одделот за кардиохирургија, проф. д-р Александар Николиќ. Вградувањето вештачко срце е најтешката интервенција во кардиохирургијата.

– Пациентката беше донесена во ‘Аџибадем Систина’ од Клиничкиот центар во Скопје со дијагноза – срцева инсуфициенција на левото и десното срце, во клиничка смрт во траење од два часа, за време на која била ставена на вонтелесен крвоток. Бевме повикани поради нашето обемно искуство на ова поле. Сугерирав пациентката да биде ставена на ECMO-апарат, кој ја заменува работата на срцето и на белите дробови и веднаш да се префрли во ‘Аџибадем Систина’. Но, пред да го изведеме вградувањето на целосно вештачкото срце, на пациентката мораше да ѝ се изведе друга операција, на стомакот. Поради долгата реанимација, кај пациентката дојде до излив на крв во стомакот, што мораше да биде саниран пред да ѝ го вградиме вештачкото срце.

Операцијата помина одлично и се надеваме на целосно закрепнување Пациентката се наоѓа на Одделот за кардиохируршка интензивна нега и е под постојан мониторинг од страна на нашиот тим. Има подобрување на состојбата, ослободена е од ECMO-апарат и сега самостојно дише. Поради успешното изведување на операцијата и годините на пациентката, се надеваме дека за околу еден месец таа ќе може повторно да застане на нозе и да продолжи со секојдневните активности- изјави проф. д-р Николиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1