ИНА: Одобрено барањето за азил на Груевски во Унгарија


Унгарија позитивно одговорила на барањето на екс премиерот Никола Груевски за азил, јавува албанската агенција ИНА повикувајќи се на свои извори во кацеларијата за миграции на Унгарија.
Според информациите кои ги објави ИНА, Груевски добил азил врз основа на барањето кое го поднел во амбасадата на оваа европска земја во Тирана, Албанија.
Во меѓувреме, македонските власти го подготвуваат барањето за екстрадиција. Македонската министерка за правда, Рената Десковска денеска најави дека барањето ќе биде испратено до Унгарија во текот на овој ден.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1