На интернет кружат бројни медицински сервиси кои може да ви послужат како извор на информации за одредена болест или медицинска состојба, а исто така постои и голема понуда на апликации за смартфони и таблети со лекарски совети, но прашање е колку може да им верувате.
Новата апликација Hello Doctor може да го промени тоа и нема за цел да ве залажува и да ви дава погрешни совети кои некогаш може да бидат и штетни. Со Hello Doctor може полесно да се справите со боледувањето и да го организирате вашето лекување.