Видео: 97 руски војници се симнаа од само еден камион


Сигурно познат ви е вицот „Како четири слона влегуваат во Фиќо“. Истиот може да се примени и за видео снимката под наслов „како руските војници одат на капење“ кој неодамна е објавен на yuotube, а за кој според коментарите се верува дека е автентичен.

Снимката изгледа како скеч од хумористичен филм во кој војниците излегуваат од камионот и се чини како да ги има илјадници. Меѓутоа авторот на снимката ги преброил и изброил 97 војници.

На снимката не се гледа големината на камионот но според коментарите не станува зборза монтажа.

Во руски воен камион „Kamaz“ без проблем собира 100 војници, кои мора да се стеснат но кој не сака може да оди и пешки, стои во еден од коментарите.

 

[youtube http://www.youtube.com/watch?v=qjFAQ50q8Fs]

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1