Видео: Албанци од Македонија украле оружје од Музеј и тргнале да се борат за Ал Каеда


Обвинителството во албанскиот град Елбасан разоткри цела ќелија која испраќала Албанци од Балканот во војна во Сирија, а меѓу осмничените се двајца Албанци од Македонија објавија албанските медиуми.

celijaЕдип Крутиши и Минир Османи, од Македонија и  Ермир Бего, Герти Пашја, Сазан Хоџа, Артил Метхаса, Артур Кора и Ерзен Гаши од Албанија шверцувале оружје од Албанија во Македонија. Оружјето било всушност „културно наследство“ украдено од Етнолошкиот музеј во Елбасан.

Од телефонските разговори на оваа група кои биле тајно снимани се гледа дека тие биле и организатори на регрутирањето на Албанците за војната во Сирија. Најпрвин ги испраќале во Турција, а потоа на сирискиот фронт. Регрутираните се бореле во редовите на десното крило на Ал Каеда, организацијата позната како „Ал-Нусра“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1