Некој хуман некој битанга – Се обиделе да силуваат самохрана мајка на бедемите при поплавите


Моника Сотиров (29) од Пожаревац поднесе пријава во полицијата против група млади луѓе кои ја навредувале и злоставувале додека работела на подигање на заштитната бариера по должината на реката Малва во Дрмно! Нападот се случил кога Моника дошла тоа попладне да помогне во полнење на вреќите со песок, пишува Ало

monikaШтом пристигнала била задолжена да ги сече јажињата со кои се врзуваат вреќите. Сепак, таа тврди дека една група од околу 20 мажи почнале да и дофрлаат и да ја навредуваат зборувајќи за неа највулгарно.

– Тие не запреа само со навреди, но почнаа да ме фаќаат по градите, обидувајќи се да ми ја скинат кошулата, така што со лицето паднав на земја за да се заштитам. Иако бев единствената жена на тоа место и се обидував да помогнам во одбраната од поплави, ниту еден од оние кои беа присутни не ми помогнаа. Само им кажаа да запрат, но тие, патем, им намигнуваа – кажа вознемирената Моника.

Бидејќи нападите и највулгарните дофрлувања не запреа, таа си тргна дома. Во близина на продавницита влезе во автобус, но по неа влегоа и 5-6 млади луѓе кои дотогаш ја навредувале.

– Го замолив возачот да ме заштити, но тој рече дека нема никаква врска со тоа и дека неговото е само да вози – раскажува Моника и вели дека во автобусот сѐ се повторило, момчињата повторно ја напаѓаа и навредуваа, а на возачот му рекле да запре и да ја исфрли од автобусот. Дури со тупаница ја удриле по рамото и грбот.

Малтретирањето продолжи и кога таа се симна од автобус во Пожаревац. Си заминаа кога Моника почнала да вика, а потоа случајно налетало полициско возило, со кое е префрлена во полиција, каде што дала изјава и поднела пријава.

– Иако сум самохрана, невработена, мајка на осумгодишно аутистично дете, сакав само да помогнам, бидејќи ги видов на телевизија страшните поплави во земјата – вели Моника.

Извор: Alo.rs

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1