Министерството за внатрешни работи денеска ја почна акцијата „Мрежа“ за сузбивање на недозволената трговија со наркотици.
– Со почнувањето на оваа акција, отвараме широк фронт против дрогата која се растура на улиците низ целата држава и очекуваме широка поддршка од граѓаните. Веќе профилиравме поединци и групи кои на ситно препродаваат различни видови дрога, доведувајќи ги во опасност животите на илјадници млади лица во Скопје и во останатите градови, рече министерката за внатрешни работи Горадна Јанкулоска на денешната прес-конференција.
За старт на оваа акција, која ќе продолжи и во наредниот период, обезбедени се материјални докази против криминална група која се занимава со недозволена трговија со наркотична дрога, амфетамини и марихуана.
Вчера, додаде, од страна на Секторот за недозволена трговија со дрога извршен е претрес во домот на организаторот на Криминалната група кој не беше пронајден во неговиот дом.
– При вршењето на претресот пронајден е прибор за пакување и мерење на наркотична дрога, Два лап-топ компјутери и неговите лични телефони. Откриени се и два бункери за складирање на наркотичната дрога и тоа едниот во шанкот на дневната соба, а вториот во подот под брачниот кревет во спалната соба, како и многу други украсни предмети во кои има изработено специјален простор за складирање и чување на наркотична дрога. Предметите се одземени со потврда за привремено одземени предмети, посочи Јанкулоска.
Во бункерите е пронајдена одредена количина дрога, но додаде дека и онака не очекувале да пронајдат поголема количина надрога, бидејќи се работи за група која се занимава со растурање надрога во мали количини за учишна продажба.