Видео: Чистачка украла воз и влетала во куќа во Шведска


Чистачка од железничката станица во градот Неглинг, недалеку од Стокхолм, украла воз и со него, без никаква дозвола, со полна брзина тргнала и излетала од шините директно удирајќи во една куќа во местото Селтсјобаден.

163328_10151202140210814_594565580_n vozТаа била тешко повредена, а куќата во која удрила била многу оштетена, но никој од луѓето кои живееле во неа, не е повреден, јавија шведските медиуми, истакнувајќи дека семејството било веднаш евакуирано од куќата.

“Тие имаат ангел чувар“, изјавил Улф Линдгрен од полициската централа во Стокхолм.

Засега не е познато поради што жената го украла возот и зашто не запрела на крајната станица на релацијата Стокхолм – Селтсјобаден, долга 18 километри, туку продолжила и со полна брзина ја пробила заштитната ограда и удрила во куќа по 50 метри надвор од шините.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1