Стружанецот Даниел Кајмакоски вечерва уште еднаш со настапот во живо во третата емисија Х-Фактор покажа дека е убедлив фаворит пеејќи ја Сонце не ме грее на Лозано, песна со која обезбеди доволно гласови за да оди понатаму.
По излегувањето од шоуто на Фифи, Даниел останува единствениот претставник на Македонија, а со оглед на неговите досегашни настапи, очекуваме да го гледаме до самиот крај.