Вехабистите забранети на „Фејсбук“


Страницата „Вијести умета“, која безбедносните експерти ја поврзуваа со вехабистите во Босна и Херцеговина, не постои веќе на „Фејсбук“ откако беше забранета од управата на популарната социјална мрежа, пишува бањалучкиот весник „Независне новине“.

facebook-apСтанува збор за страница на која следбениците на радикалниот ислам најавуваа дека се спремаат за заминување на сириското боиште. Дека страницата е згасната потврдиле и авторите на веб-страницата, кои не ја кријат огорченоста поради тоа, а бившиот администратор на „Фејсбук“ за југоисточна Европа, Душко Бјелиќ, не е изненаден од одлуката на социјалната мрежа.

– Имав можност да ја погледнам таа страница. Содржините што таму се обавуваа беа спорни. С` што, да речеме, им штети на децата не треба да биде на „Фејсбук“ – укажува Бјелиќ.

Претседателката на парламентарната Заедничка комисија за одбрана и безбедност во БиХ, Душанка Мајкиќ, вели дека не ја гледала спорната страница, но истакнува дека во државата и понатаму се присутни веб-страници што претставуваат сериозен безбедносен предизвик и закана. Безбедносните експерти и претходно говореа дека освен згаснатата страница, закана за безбедноста претставуваат и страниците како „Путвјерника“, „Исламбосна“, „Балканскиемират“ и други.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1