Видео: Дете повикало полиција поради математички проблем


Четиригодишно дете од Америка имало математички проблем за решавање, но бидејќи неговата мајка не сакала да му помогне му рекла да се обрати кај некој друг. И токму тоа го сторил, се јавил во полиција.

Детето со намера да ја реши математичката загатка го завртил бројот за итни случаи, а потоа фино го замолил операторот да му помогне да го реши проблемот.

Љубезниот оператор се обидел да му помогне околу задачата но целиот разговор го прекинала неговата мајка која сфатила дека момчето се јавило во полиција.

Погледнете го снимениот разговор!

 

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1