Го избодила сопругот со нож поради статус на Фејсбук


Ронда Вашингтон (33) од Тексас и нејзиниот сопруг се согласуваат за една работа: Таа го избодила со нож во семејната пресметка.

Но причините лежат во мотивот. Додека таа се брани дека се изнервирала поради тоа што тој бил под дејство на дрога, тој тврди дека таа делото го сторила од љубомора, поради статус на Фејсбук.

Како што пренесуваат тамошните медиуми Ронда изјавила веднаш по нејзиното апсење дека нејзиниот сопруг бил под дејство на дрога и дека започнале кавга околу тоа што дома се враќал во дрогирана состојба.

Таа додала дека кога кавгата ескалирала и преминала во лична пресметка со клучевите кои и биле во рака се обидела да се одбрани и го избодила сопругот.

Меѓутоа полицијата утврдила дека во телото на нејзиниот сопруг нема траги од дрога.

Сопругот тврди дека Ронда го избодила со нож бидејќи ја изнервирал неговиот статус на Фејсбук, пренесува Њујорк Дејли Њус.

Сопругата сега се соочува со обвинение за напад со смртоносно оружје со што и се заканува казна од дваесет години затвор. Во меѓувреме е ослободена со кауција од 999 долари.

Share Button

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1