Почина еден од повредените во пожарот во Струмица – 2 се уште критични


 

Еден од повредените во вчерашниот пожар во Струмица пред половина час им подлегна на повредите.

Во изјава дадена за веб-порталот Курир, директорката на Градската болница Јасминка Чабуковска, соопштила дека лекарите не можеле да направат нешто повеќе за да ја спасат жртвата, која се здобила со изгореници на над 90 отсто од телото.

Во критична состојба уште се наоѓаат братот на жртвата и уште еден човек, додека на четвртиот повреден, кој има 50 проценти изгореници по телото, успешно му е изведен операционен зафат, и истиот може полесно да дише откако лекарите успеале да му го отсртанат отокот кој се појавил на дишните патишта.

Петнаесетгодишното момче беше петтата жртва, но засега е во стабилна состојба.

Од тројцата кои се наоѓаа во критична состојба , двајца се браќа кои работеле во ЈП Македонски шумi од струмичкото село Рич, педесетгодишниот Б.С. и пет години помладиот П.С.. Во животна опасност е и нивниот колега В.Г. (54) од Вељуса.

 

Share Button

Tags: , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1