Младата Јарица Оливиа (20) наместо солзи плаче капки крв, чилеанските лекари се збунети.
Таа започнала да плаче крв на почетокот на месецов. Од тогаш таа без предупредување крвари од очите неколку пати дневно.
Јарица го посетила својот лекар, но нема никакви докази за инфекција и тој и дал капки за да ги ублажи големите болки.
Нејзините родители ги молат пријателите и соседите да им помогнат финансиски за да ја излечат својата ќерка.
Извор: Нова Македонија