Адријан Смит станал да оди до тоалетот, а во истиот момент џип влетал во собата од мотелот во која спиеле со неговата бремена девојка.

-Станав од креветот и само што влегов во тоалетот, џипот го проби ѕидот и застана баш на местото каде што минута претходно јас седев. Неверојатно, само слушнав јак удар и џипот беше тука, вели Адријан.
-Да не станеше во тој момент да оди во тоалетот, ќе завршеше под џипот, вели неговата девојка Рејчел Вотсон која е во осмиот месец на бременоста. За среќа ниту таа не е повредена иако паднала од креветот.
Ударот се случил во 11 часот утрината, кога Томас Валас (32) со огромна брзина поминал на црвено, удрил во два автомобили, ја изгубил контролата и завршил во мотелската соба. По инцидентот, тој пробал да избега, но бил фатен по само неколку поминати метри од полицијата.
Сител