Видео: Драматична снимка – Брод тоне, а патниците скокаат во море


На драматичната видео-снимка, забележан е моментот во кој туристички брод полн со туристи, со голема брзина започнува да тоне некаде меѓу два острова на Тајланд. Во паника и врескајќи, туристите скокаа од палубата барајќи спас, а бидејќи во помош им дојде друг брод кој се наоѓаше во близина, сите 13 туристи беа спасени.

brod-22Малиот брод со име „Аладин“ потоа во рок од само неколку минути, така што ситуацијата беше доста сериозна. Некои од патниците по скокот успеаа да излезат над површината на водата, додека другите беа повлечени од вртлогот кој го создаде бродот кој тонеше, така што вистинско чудо е што никој не загина.

Шведскиот нуркач Денис Карсон (43), кој го снимил драматичниот момент, вели дека е чиста среќа и чудо што сите патници се преживеани.

Во време кога тонел, меѓу островите Бон и Тачаи на југот на Тајланд, Аладин веќе четврти ден се наоѓал на авантуристичко патување за љубителите на нуркањето.

Инцидентот се случил само три месеци откако шестмина туристи загинаа во несреќа на пренатоварен траект, кој се преврте и потона во близина на тајландското крајбрежје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1