Дали е ова новиот Никола Тесла: Овој човек тврди дека измислил револуционерен мотор (Видео)


Борис Шумановиќ, вработен во една приватна фирма, човек кој живее во Врбас во Србија, е можеби новиот Никола Тесла за кој не сме знаеле дека живее меѓу нас. Тој тврди дека го изумил новиот револуционерен мотор.

Sumanovac-1Прв пат Шумановиќ јавно проговори за својот изум на конгрес за прехрана во иднината. Вели дека е свесен за негово смело тврдење, со кое излегува во јавноста и дека кај многумина предизвикало потсмев, и дека го сметаат за будала, но вели дека се одлучил да ја запознае јавноста со своето откритие, затоа што едноставно нема друг начин да ги привлече и заинтересираните луѓе кои би му помогнале да неговиот изум се примени и во пракса. Шумановиќ своето слободно време го посветува на семејството, но со својата работа цели и на истражувањата и иновацијата.

„Јас направив уред кој работи на принцип, да кажеме, на квантна физика. Направив сам мотор, односно генератор, кој генерира магнетно поле во посакуваниот правец. Тој во целост ќе ги исфрли од употреба ракетните мотори. Тој не би ги исфрлил од употреба фосилните горива кои сега ги користиме, но би овозможил елиминација на штетните продукти кои со согорувањето на фосилните горива се исфрлаат во атмосферата. На тој начин енергијата потребна за стартување, да речеме, би можела да се генерира некаде во вселената, додека на Земјата енергијата би можела да се произведува на чист начин“, вели Шумановиќ.

Sumanovac9„Јас знам што можам. Се одлучив да излезам во јавноста, свесен дека би можел да ме гледаат како будала, но за реализација на ова е потребна поддршка и од други луѓе, оние кои би ме поддржале и поради тоа одлучив вака јавно да проговорам“. Се обратив до ЕСА, НАСА, и Русите… кои го игнорираа она што им го предложив. Нема што веќе да се пишува за моите изуми, за моите работи, и пронајдоци. За тоа е одговорен системот преку кои се работи на регистрација на патентите.

Како и многи приказни и сведочења за кражбите на интелектуалната сопственост, односно патентите, нема да ја откријам работата на моторот, се додека во целост не се реализира неговата заштита“, вели Борис. „Но ќе речам што е тоа што го прави посебен. Моторот не создава притисок на флуиди, честички прашина околу себе, гледано од кој било правец за да создаде потисна сила. Моторот силата ја генерира од внатре, а при самата работа, нема емитување на штетни емисии на гасови, за разлика од познатите мотори. На пример само некои од неговите примени може да бидат одржување на сателитите кои патуваат и ја истражуваат вселената, а на Земјата во авионите, бродовите и др.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1