Соништата и нивното значење за професионалниот живот


Зигмунд Фројд рекол дека соништата и кошмарите ги претставуваат потсвесните желби и мисли на личноста. Луѓето најчесто сонуваат за места каде го поминале речиси целиот живот. За многумина, тоа го вклучува и работното место. 

20140124-sonishtata-i-nivnoto-znachenje-za-profesionalniot-zhivot-mКошмарите ретко може да ја предвидат иднината, но тие имаат значење кое може да и’ помогне на личноста да реши одреден проблем на работното место. Експертите веруваат дека кошмарите се различни кај секоја личност, но одредени соништа се повторуваат кај повеќемина и нивното значење може да биде толкувано.

Доцнење за работен состанок 

Овој чест сон може да биде знак за умор или неподготвеност на професионален план. Сонот може да значи и каење за претходно испуштена можност поради временски рок.

Сите Ваши вработени даваат отказ истовремено 

За оние кои се сопственици на некаков бизнис, овој сон може да значи дека се чувствувате неподдржани на работното место или во приватниот живот.

Немате доволно материјал за производ 

Ова е вистински знак за „страв од успех“. Кошмарот покажува дека се плашите од големиот напредок кој сте го постигнале.

Немате работа 

Овој сон покажува страв од неуспех или пропаст. Значи дека се плашите дека ќе ја изгубите работата или нешто што Ви е многу битно.

Противникот Ви ја зема работата 

Ова може да биде многу комплицирано. Експертите веруваат дека сонот покажува дека „еден дел од Вас се натпреварува со друг дел од Вас“. На пример, може да бидете лидер, да следите некого, да бидете пасивен или премногу амбициозен за различни работи.

Банкрот 

Овој сон покажува дека се сомневате во Вашата способност за грижа на оние кои зависат од Вас. Колегите во сонот може да го претставуваат Вашето семејство. Сонот претставува страв и несигурност.

Постојано правите листи 

Во овие соништа, секогаш завршувате работни задачи или правите планови. Доколку листите се за лоши и непријатни работи, тоа покажува дека сте премногу зафатени и уморни.

Fakulteti.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1