Канада собирала инфо од патниците кои се закачувале на интернет на аеродром


Канадската агенција за електронско разузнавање (ЦСЕЦ) ја ловела комуникацијата на патниците по неколкуте „глави аеродроми“ во Канада, тврди канадската телевизиска компанија Си-Би-Си, повикувајжи се на документите што ги украде Едвард Сноуден, пред неговото бегство од САД.

kanadskata-razu-255af8d3Агенцијата прибирала сознанија и комуникација и од неосомничени патници, преку нивните електронски апарати низ вајерлес мрежа, инсталирана на аеродромите.

Според канадскиот закон, главната прислушна агенција во земјата, не смее да ги надгледува телефонската и електронската комуникација на Канаѓаните и на странците, без судски налог.

Првичната намера била да се прибираат податоци и да се ловат странските разузнавачи, со пресретнување на нивните телефонски разговори и на електронската пошта.

Во откритијата што ги изнесува медиумската комоанија Си-Би-Си не се наведува за кои „главни“ аеродроми станува збор, ниту за тоа дали некоја од фирмите за поставување на вај-фај мрежата по аеродромите била вклучена во „прислушувањето“.

Техниката за ловење на комуникацијата што ја користела канадската агенција била разработена во соработка со америкаската агенција за национална безбедност НСА.

Во првата реакција на канадската агенција за прислушување се вели дека таа е „овластена да прибира странски сигнали, за да се заштитат Канада и Канаѓаните“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1