(Видео) Дурловски пречекан со овации на сцената на МОБ


„Игор, Игор, Игор“ вака публиката со овации и долготрајно скандирање на неговото име вчера му се поклони на Игор Дурловски за неговата изведба на операта „Турандот“ каде тој го играше ликот на Тимур.

Ова е прво враќање на Дурловски на сцената откако тој беше неколку месеци во притвор и против него беше покренато обвинение за терористичко загрозување на уставниот поредок како учесник и организатор на протестите против промена на името и Уставот кои кулминираа со настаните во Собранието лани на 27 април. Република Македонија на овој начин стана прва држава во Европа што ги прогласува своите културни работници за терористи и воедно прва држава во Европа со обвинети терористи по глава на жител.

Голготата на Дурловски кој како еден од лидерите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ беше неколку месеци во затвор и тоа во во истражниот затвор во Шутка. Откако голем број на ѕвезди, негови колеги и под притисок на јавноста мерката затвор му се замени куќен притвор, за на крај да биде и целосно ослободен од секаков притвор.

Дурловски е поранешен директор на МОБ и експрофесор на Факултет за музичка уметност во Скопје. Тој заедно со неговара сопругата Ана Дурловски, која исто е сопран од светски глас, имаат исклучително успешна меѓународна кариера.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1