Ешли Ревел од Кена го продал целокупниот имот и своите 135. 500 долари ги фрлил на една опклада во казино. Но се што е потребно во животот да ги остварите вашите желби, амбиции и цели е да бидете родени под среќна ѕвезда.
Меѓу тие луѓе дефинитивно се наоѓа Ешли Ревел. Овој британски професионален коцкар од Кента, кој е роден во 1972 година, ја стекна светската слава во 2004 година кога го продал целиот свој имот-вклучувајќи ја тука и целата негова гардероба во вредност и сите пари 135 000 долари ги ставил на рулет.
Ревел на 11 април таа година влетал во хотел-казиното Плаза во Лас Вегас во американсаката сојузна држава Невада, застанал крај масата за рулет и целиот износ го ставил на црвено.
Топчето паднало на бројот седум црвено и Ревел го дуплирал својот износ – остварил добивка од 270.600 долари. И токму кога сите очекувале дека тој ќе продолжи со коцкањето, тој оставил бакшиш од 600 долари, се заблагодарил и го напуштил казиното.
Добивката ја искористил за да направи своја сопствена он-лајн покерска компанија. Сега му оди одлично.