Мажите ги очекува депресивна иднина


Социјалните и економските промени може да доведат до опасност од депресија на се` повеќе мажи во западните земји, предупредуваат научниците.

„Мажите во западните земји, особено оние со низок степен на образование, ќе имаат проблеми во 21-ви век. Во просек, мажите потешко се прилагодуваат во домаќинските обврски, отколку жените што се прилагодуваат во работничката улога“, напишале авторите во воведот на списанието Британски психијатриски весник. Моментално, жените имаат речиси двојно поголем ризик во текот на животниот век да патат од тешка депресија, иако потполно не може да се објасни зошто.

Идните трендови кои би можеле да го променат овој сооднос, вклучуваат помалку опции за вработување на мажи, кои нема да заработуваат повеќе од своите партнерки. Како што се намалуваат опциите за работни места, мажите се` повеќе ќе почнат да преземаат поголема улога во домаќинствата – улога што е традиционално поврзана со жените.

Последната економска криза е наречена „времето на машките“ поради нерамномерноста во работењето кај традиционално машката индустрија, како што се градинарството и индустриското производство. Во меѓувреме, жените ги надминаа мажите во степенот на високо образование, и  го обезбедуваат и им припаѓа поголемиот дел на заработка во домаќинството.

Неуспехот на мажите да ја исполнат улогата на старателот во фамилијата, поврзан е со поголема депресија и брачни конфликти, но, ако се променат општествените очекувања мажите може да имаат помали тешкотии, пишуваат истражувачите Боади Данлоп и Тања Млецко, од медицинскиот факултет на британскиот универзитет Емори.

Ако на мажите им е вродено да имаат помали способности за гледање на децата и извршувањето на домашните обврски, тогаш би се зголемил падот на самодоверба и поголема депресија. Меѓутоа, ако жените се поспособни за да се грижат за децата, едноставно затоа што се така научени, преку социјализација, а не заради биолошките разлики меѓу половите, тогаш би било можно со помош на идните татковци да преминат низ таа транзиција, оценуваат авторите.

„Мажите во економијата што се менува, ќе се соочат со истите ризици од депресија до која доаѓаа жените во старите економии: заробени во семејната улога од која не можат да побегнат поради неможност од вработување“, истакнуваат Данлоп и Млецко.

Tags: , ,

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1