Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денес можеше да се види во малку поинакво светло. Турскиот лидер спречил обид за убиство и предомислил младо момче да си го одземе животот скокајќи од Босфорскиот мост.
Додека мажот стоел на работ од мостот, Ердоган поминувал со автомобилот, придружуван од многубројни телохранители, а и од репортери.
Телохранителите на Ердоган го донеле очајниот млад човек до автомобилот од каде што Ердоган разговарал со него.
Откако момчето се откажал од самоубиството му се заблагодарил на Ердоган, a тој пак, побарал од своите луѓе да преземат мерки за да му помогнат на човекот.