Видео: Еве како изгледа единствена подводна лабораторија во светот



Истражувачот на океанот Силвија Ерл, се спушти длабоко под вода во заливот кај Флорида, каде што една недела го набљудуваше подводнот свет од единствената подводна истражувачка лабораторија.

Мисијата истражување на морското дно завршува во сабота, а би можела да биде и последна за оваа лабораторија, откако Владата на САД се одлучи да го намали годишниот буџет, кој што досега го издвојуваше за ваквите истражувања.
Станарите во „Аквариус“ се викаат Акванаути, а воздухот, вода, струјата, ги добиваат преку метална цевка долга 15 метри, а комјутерите, храната и останатата потребна опрема се спуштаат во непропустливи кутии.

Научниците и помошниот персонал се движат во 400 метри квадратни, колку што изнесува површината на лабораторијата, а во неа е изградена и кујна. Монтирани се и шест кревети. Од снимките на видеото може да се забележи времето минато на Фа Ерл заедно со уште пет научници, филмаџии и останатиот персонал кој што буквално живее во подвижната куќа опкружена со подморскиот свет.

Оваа база им дозволува на нуркачите да истражуваат и до девет часа, без престанок и да го набљудуваат подводниот живот и преку ден и преку ноќ. Начниците говорат дека за недела дена го постигнале она кое што од брод би го постигнале за повеќе од пет месеци и тоа со прекини.

Научникот Марк Петерсон на Аквариус е веќе осми пат и верува дека единствениот начин да се истражува, да се набљудува подводниот свет и да се открие нешто ново е постојано да се биде под вода.

Share Button

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1