Откриено подземно море во Африка, населението може да се снабди со вода во наредните 4 века



Научниците дојдоа до неверојатно откритие во Африка. Според нив откриеното подземно море во Намибија, може на населението да ми обезбеди вода за пиење во следните четири века.

Според истражувањето на геолозите, новоткриеното море може во голема мера да влијае на развојот во тој регион, кој претставува еден од најсувите во Африка. Освен брегот на Атланскиот Окен во тој реон нема големи извори на вода.

Реките ги има во премал број, а во поголемиот дел од годината владее суша. Луѓето поради слабо развиеното земјоделие постојано гладуваат. Огромната суша го приморало населението да мигрира, а малиот број на луѓе кои што останале, живеат во голема беда. Земјата има ретка густина -2,2 луѓе на километар. Од една страна има модерни градови, како што е случај со главниот град Уиндхоек, а од друга пак страна можат да се забележат бушмaнските населби. Начинот на живот во тие предели е непроменет веќе подолг период. Освен крајбрежните области, местата со надморска височина помалку од 1000 метри, се исклучителна реткост во земјата.

Share Button

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1