ВИДЕО: Еве зошто албанските фудбалери го нападнаа Митровиќ


Фудбалскиот натпревар помеѓу Србија и Албанија е прекинат минута пред крајот на првото полувреме откако се случи тепачка помеѓу играчите на теренот, а и во публиката помеѓу нвивачите на Србија и Албанија.mitrovic

Тепачката се случи откако гледач од редот на албанските навивачи преку летечка играчка пушти албанско знаме на теренот, а кога леталото со албанско знаме го стаса играчот на Србија Митровиќ тој беше нападнат од албанските играчи и со тоа почна тепачката на теренот.

На теренот влегоа и неколку десетици српски навивачи по што Албанците се упатија кон соблекувалната заедно со судијата кој, во овој момент, го суспендираше натпреварот и не се знае дали тој ќе продолжи.

По половина час прекин, српската репрезентација се соглаис да продолжи да игра, додека албанската сеуште размислува.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1