Видео-Фото: 71 годишен дедо изрешетил двајца бандити во интернет кафе


Две момчиња во обид да ограбат интернет кафе на Флорида, не ни сонувале дека ќе налетаат на вооружен дедо. Дедото, Самуел Вилиамс, без да се колеба го извадил пиштолот и отворил оган врз нив.

Настанот е снимен на сигурносните камери поставени во интернет клубот.

Кога двајцата вооружени момци влетале во објектот заканувајќи се дека ќе пукаат, гостите почнале да легнуваат на земја, меѓутоа крадците биле изненадени кога еден дедо им се спротивставил и почнал да пука по нив.

Иако повредени, криминалците сепак успеале да избегаат, но полицијата набрзо ги пронашла.

Дејвис Докинс и Двејн Хендерсон имале само по 19 години. Едниот бил погоден во левата рака, а другиот во десниот колк. До сега немале полициско досие.

– Се чувствувам ужасно. Ова ме натера да ги приспитам моите животни одлуки, изјавил Хендерсон.

Докинс порано работел во истото интернет кафе но добил отказ. Тогаш со пријателите сковале план за грабеж.

Херојот Вилијамс на полицајците им рекол дека се исплашил за животот на гостите, а посебно за животот на неговата сопруга која била пред него.

Против него нема да биде покрената никаква тужба, бидејќи пукал во самоодбрана.

[youtube http://www.youtube.com/watch?v=X6pNstylsQ8?rel=0]

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1