Попладнево после најтоплиот ден во градот скопјани ги изненади силно невреме. Силен ветар, грмотевици и електрични празнења над небото во Скопје.
Сепак после претоплиот ден ова разладување доаѓа како мелем. На социјалните мрежи денеска се објавуваа фотографии од мерачи на температури низ градот на кои беше измерена температура и до 50 степени.
Еве како изгледаше небото над Скопје попладнево – фотографиите за mknews ги позајми Борислав Стоилковиќ