Запален автомобилот на директорот на Тиквеш во Врање


Непознати сторители утринава околу 3 часот во Врање го полиле со бензин и го запалиле автомобилот марка “porše kajen tiptronik” со врањански регистарски таблички. Автомобилот целосно изгорел, известува полицијата во Врање.

Според полицијата запалениот автомобил е во сопственост на компанијата “Porše lizing SCG” од Белград, а го користела фирмата “Progresiv” DOO од Врање.

Како што пренесува агенцијата Бета од свои извори автомобилот го користел директорот на “Progresiv”, кој во Врање е застапник за винаријата ,, Тиквеш,, се работи за македонскиот државјанин Трифун Доковски кој во Врање е на оваа функција поставен од винаријата.

Во пожарот нема повредени, а изгаснат е од страна на противпожарната бригада.

Во последните неколку години во Врање имало неколку случаи на запалени автомобили. Страдаа и автомобилите на градоначалникот Зоран Антиќ и неговиот татко, сторителите досега не се најдени.

Share Button

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1