Фото: 15 старешни на АРМ повредени во сообраќајка кај Штип


Во сообраќајна несреќа на патот Штип – Радовиш, попладнево околу 17 часот, повредени се 20 луѓе од кои 15 старешини на АРМ, јавува дописникот на „Вест“ од Штип.

Припадниците на АРМ се превезувале со струмички автобус и со оваа редовна линија се враќале од штипската касарна до Радовиш и Струмица. На крстосницата кон Неготино од засега непознати причини тие дирекно се судрпиле со џип ауди.

Од силниот удар двете возила се превртеле, а автобусот се запалил. Изгаснат е со помош на работници од блискиот каменолом кои притрчале да помогнат.

Повредените припадници на АРМ се пренесни во Штипската и Радовишката болница. Некои од нив се со потешки телесни повреди. Во болница се однесени и двајца патници од џипот, објавува Вест.

Фото – позајмено од Вест

Tags: , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1