Пацент се разбудил по операција на нос и открил дека хирургот му го отстранил целиот орган за мирис. Ова му се случило на Вишал Такар кога отишол на ринопластија кај пластичниот хирург д-р Анџело Кузалина, кој е и претседател на Американското друштво на пластични хирурзи.
Оштетениот за Фокс раскажува дека по разводот во 2006 година имал проблем со самодовербата па решил да направи операција на носот. Тој е од Њујорк, но се преселил да живее во Тулса, Оклахома и таму го побарал водечкиот пластичен хирург за да му направи корекција на носот и така дошол до д-р Кузалина.
По првата операција имал проблеми со дишењето при спиење и при вежбање, па уште 8 пати одел на различни корекции.
При една од интервенциите на една од сестрите на хирургот, пациентот и рекол дека не сака да му вадат врзно ткиво од увото за надополнување на носот, а кога се разбудил неколку часа по операцијата сфатил дека има болки зад увото и дека хирургот го направил токму тоа што не сакал.
За ова хирургот само му се извинил по мејл.
Финале на третманот било во 2011 година кога повторно отишол под нож поради инфекции на носот и кога се рабудил од операцијата видел дека нема нос.
Сега пациентот го тужи докторот што го унаказил, но тој важи за угледен хирург и тешко дека на суд ќе докаже дека станува збор за лекарска негрижа. Од друга страна лекарот се брани дека пациентот му досадувал и му барал невозможни интервенции што на крајот резултирале со тешки инфекции на ткивото поради што му го отстранил носот.
Му остана само на медиумите да им ја раскаже својот хируршки кошмар кој очекува да заврши со дебела наплата од хирургот.