Видео/Фото:Отишол на пластична операција на носот – се разбудил без нос – го тужи хирургот


Пацент се разбудил по операција на нос и открил дека хирургот му го отстранил целиот орган за мирис. Ова му се случило на Вишал Такар кога отишол на ринопластија кај пластичниот хирург д-р Анџело Кузалина, кој е и претседател на Американското друштво на пластични хирурзи.

article-2337215-1A3082D8000005DC-989_634x347Оштетениот за Фокс раскажува дека по разводот во 2006 година имал проблем со самодовербата па решил да направи операција на носот. Тој е од Њујорк, но се преселил да живее во Тулса, Оклахома и таму го побарал водечкиот пластичен хирург за да му направи корекција на носот и така дошол до д-р Кузалина.

По првата операција имал проблеми со дишењето при спиење и при вежбање, па уште 8 пати одел на различни корекции.

article-2337215-1A308284000005DC-446_634x374article-2337215-1A3082C9000005DC-484_634x340

article-2337215-1A30928C000005DC-395_306x423При една од интервенциите на една од сестрите на хирургот, пациентот и рекол дека не сака да му вадат врзно ткиво од увото за надополнување на носот, а кога се разбудил неколку часа по операцијата сфатил дека има болки зад увото и дека хирургот го направил токму тоа што не сакал.

За ова хирургот само му се извинил по мејл.

Финале на третманот било во 2011 година кога повторно отишол под нож поради инфекции на носот и кога се рабудил од операцијата видел дека нема нос.

Сега пациентот го тужи докторот што го унаказил, но тој важи за угледен хирург и тешко дека на суд ќе докаже дека станува збор за лекарска негрижа. Од друга страна лекарот се брани дека пациентот му досадувал и му барал невозможни интервенции што на крајот резултирале со тешки инфекции на ткивото поради што му го отстранил носот.

Му остана само на медиумите да им ја раскаже својот хируршки кошмар кој очекува да заврши со дебела наплата од хирургот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1