Нова фудбалска трагедија и тоа во алжирското првенство. Убиен е камерунски фудбалер Алберт Ебосе е убиен на терен откако од пенал постигнал гол за неговиот тим ЈС Кабил во Алжир на меч против УСМ Алжер.
Несреќниот 24 годишен Ебосе после постигнатиот гол прославува за голот покрај корнер знаменцето, а убиен е со предмет кој фрлен од трибините го погодил во главата.
„Министерството за внатрешни работи ќе поведе истрага по повод овој случај како би се откриле околностите под кои животот го загуби Алберт Ебосе.
Фудбалерот им подлегна на последиците по ударот во глава со предмет фрлен од трибините“, стои во соопштението на клубот ЈСК.