ВИДЕО: Град во кој не постојат пари и автомобили


Ауровил или Градот на зората е експериментален град во индиската сојузна држава Тамил Нада кој во 1968 година бил основан од Мира Алфаса, попозната како „Мајка“.

Замислата била се создаде место каде жените и мажите ќе живеат во мир и во хармонија, без разлика на политичките ставови, националност или религија. Станува збор за експериментален проект каде секој жител има своја улога, а најголемото внимание се посветува на образованието и на развојот на креативните вештини.aurovil-1-650x396-630x384

Иако првично било замислено во градот да живеат 50.000 жители, денес таму живеат нешто повеќе од 1.800 возрасни лица и околу 500 деца. Тие доаѓаат од 50 земји во светот. Најголемиот број се од Индија, а повеќе стотици се од Франција, Германија, Италија, Америка, Русија, па дури има и шестмина од Словенија.

Градот делумно се финансира од донации, а главен извор на храна се органските производи што жителите самостојно ги одгледуваат. Тие за живот заработуваат со изработка на хартиена конфекција и миризливи стапчиња што ги продаваат во соседните села и градови. Во одделни аспекти на животот организацијата е слична на андалузиската општина Мариналеди во јужан Шпанија.

Во градот не постојат пари, а сите жители за купување и размена на стока користат електронски сметки и кредитна картичка Аурокард. Освен тоа, жителите издвојуваат дел од средствата за заедницата за да се подмират основните животни потреби. Во градот нема автомобили, а главно превозно средство се мотоциклите.

Градот е автономен и не одговара никому, поради што жителите воопшто не се грижат за политика. Жителите секојдневно одат во храмот Матримандир, каде се препуштаат на постигнувањето внатрешен мир по пат на јога и медитација. Ауровил е рај за хипиците.

Денешен.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1